Македонија СДСМ со нова „бомба“

СДСМ со нова „бомба“

СДСМ денеска, во „Кампот на слободата“, пред Влада, ќе одржи прес-конференција на која ќе биде објавен нов пакет од аудиоснимки од прислушувани разговори од проектот „Вистината за Македонија“.

Според партиски извори, денешната „бомба“ ќе се однесува на начинот на соработката на владејачката коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, особено на работењето на функционерите на партијата на Али Ахмети.