Македонија СДСМ: Сликањето на Коце Трајановски со атмосферска канализација е навреда за скопјани

СДСМ: Сликањето на Коце Трајановски со атмосферска канализација е навреда за скопјани

За главен град на европска држава во 2015 година, трагично е градоначалникот да се фали со изградба на атмосферска канализација сред Скопје, велат од СДСМ.

„Да не беа спомениците на лавови, фонтани, барокни фасади и останатиот раскош и луксуз на Никола Груевски и на Коце Трајановски, атмосферската канализација на улицата Боца Иванова во Скопје ќе беше одамна изградена. Не само тоа, туку ќе беше изграден и водоводот во Шуто Оризари, како и средното училиште во Сарај. Да не беше опсесијата на Груевски со „Скопје 2014“ и да не беше послушноста на Коце Трајановски, со повеќе од половина милијарда евра кои ги фрлија во ветер, денес цело Скопје ќе имаше и водовод и атмосферска канализација“, велат од СДСМ.

Според партијата, денешното сликање на Коце Трајановски со атмосферска канализација е најголемата навреда за скопјани, а Скопје заслужува многу повеќе и многу подобро.