Македонија СДСМ Штип: Од ЈП „Исар“ прво сечат, потоа мерат

СДСМ Штип: Од ЈП „Исар“ прво сечат, потоа мерат

Локалната власт и ЈП „Исар“ прво сечат, а потоа мерат, обвинија денеска на прес-конференција штипските социјалдемократи.

Пример за ова, според нив, е зоолошката градина во Штип, каде прво се почнало со работа, а потоа се донела одлуката за градба.

Реагираа и од ЈП „Исар“, од каде тврдат дека претпријатието е регистрирано за хортикултурно уредување на простор, но и за градење куќички и боксови какви што во моментов се прават на Влахчево лозје. Во меѓувреме, во тек е постапка за вадење посебна дозвола за згрижување животни, која ќе заврши пред донесување на животните.