Македонија СДСМ: Шпекулација се имињата на можни премиери на преодна влада

СДСМ: Шпекулација се имињата на можни премиери на преодна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, утре пак ќе се сретнат во Стразбур, во обид да ја решат политичката криза, потврди за „Мета“ Илија Димовски, пратеник од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ дознаваме дека тие немаат намера да прифатат техничка влада. Исто категорични во своите барања се и од СДСМ.

Зоран Заев претседател на СДСМ, во интервју неодамна изјави дека ако тоа помогне за излез од кризата, и двајцата лидери, и тој и Груевски, да си поднесат оставка.

Од СДСМ тврдат дека имињата што во последно време се споменуваат во јавноста како премиери на можна преодната влада се само шпекулација, затоа што се уште не е договорена ниту рамка за некакви преговори.