Македонија СДСМ прогласи победа во Штип, Кисела Вода и во Бутел

СДСМ прогласи победа во Штип, Кисела Вода и во Бутел

Пратеничката Ивана Туфегџиќ, на прес-конференција во седиштето на СДСМ по вториот круг на локалните избори, изјави дека партијата победила во Штип, како и во скопските општини Кисела Вода и Бутел. Таа во кратката изјава оцени дека локалните избори поминале во фер и демократска атмосфера.

– Граѓаните на фер и демократски избори ги заокружија промените низ цела Македонија. Кандидатите на СДСМ и на коалицијата имаат победа во Бутел, Градско, Карбици, Кисела Вода, Македонски Брод, Могила, Старо Нагоричане, Чашка и во Штип – изјави Туфегџиќ.