Македонија СДСМ поддржува активно вклучување на граѓанскиот сектор во преговарачкиот процес

СДСМ поддржува активно вклучување на граѓанскиот сектор во преговарачкиот процес

СДСМ поддржува активно вклучување на граѓанскиот сектор во преговарачкиот процес, стои во соопштението од опозициската партија како одговор на барањето на граѓанските организации за нивно активно вклучување во преговорите.

„СДСМ во континуитет ги поддржува барањата на граѓанските организации. Неопходна е транспарентност во преговарачкиот процес. Од тие причини постојано укажуваме дека е потребно активно вклучување на граѓанскиот сектор во преговарачкиот процес“, се вели во соопштението на партијата.