Македонија СДСМ: Под притисок на граѓаните, Иванов целосно ја поништи срамната аболиција

СДСМ: Под притисок на граѓаните, Иванов целосно ја поништи срамната аболиција

Под притисок на сите слободоумни граѓани, кои се на нозе за враќање на слободата, демократијата и на правдата, лицето Ѓорге Иванов целосно ги поништи сите срамни, незаконски и неуставни одлуки за аболиции, се вели во реакцијата на СДСМ по одлуката на Иванов целосно да ја поништи аболицијата.

„Одлуката за аболиција Иванов ја донесе по нарачка на Никола Груевски, во обид да ја спаси криминалната власт од одговорност. Но, заедно со граѓаните, не дозволивме тоа да се случи. Не може да има селективна правда, законите мора да важат за сите. Зборот е збор. Рековме, срамните, неуставни аболоции мора целосно да се поништат. Тоа се случи. Рековме, има уставна и законска основа за свикување на парламентот. И тоа се случи. Рековме дека нема да има криминални избори на 5 јуни. И тоа се докажа“, велат од СДСМ.

Од партијата порачуваат дека правадата ќе се врати, законите ќе важат за сите еднакаво, а секој што го прекршил законот ќе одговара.