Македонија СДСМ од Велес: Да ги вратиме слободата и демократијата во Македонија

СДСМ од Велес: Да ги вратиме слободата и демократијата во Македонија

Социјалдемократскиот сојуз на Макеоднија вечерва одржа марш, а потоа и собир со велешани, пред кои се обрати лидерот на партијата, Зоран Заев, во рамките на проектот „Вистината за Македонија“.

Претходно, дел од раководството на СДСМ имаше средби со граѓаните на Велес.

– Придружете се, во заедничка битка да ги вратиме слободата и демократијата во Македонија – ги повика велешани заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, истакна дека „Вистината за Македонија“ ја вратила надежта за посветла иднина во државата.