Македонија СДСМ: Од 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме

СДСМ: Од 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме

Македонија ќе биде држава на финансиски стабилни семејства, на насмеани деца и на среќни граѓани, се вели во соопштението на СДСМ.

– Ќе ги зголемиме платите и ќе ги поддржиме домашните претпријатија за да отворат нови работни места и да можат да даваат повисоки плати на вработените. Сите пари ќе ги насочиме кон граѓаните, индивидуално, преку враќање на 15 проценти од платениот данок на додадена вредност во потрошувачките сметки на секој граѓанин – се вели во соопштението.

Во него се додава дека Македонија ќе ја водат мудри и ведри луѓе, кои сакаат и знаат како да се издигнат над своите интереси.