Македонија СДСМ: Очекуваме одговорно и државничко однесување од страна на институциите

СДСМ: Очекуваме одговорно и државничко однесување од страна на институциите

„Институциите на системот не смеат да ги попречуваат народните избраници да го побараат мандатот за формирање влада. 67 пратеници, кои претставуваат околу 700.000 граѓани, очекуваат Собранието и Ѓорге Иванов да одговорат на своите уставни должности и да го овозможат доделувањето на мандатот“, велат од СДСМ.

„Граѓаните во Македонија очекуваат стабилизација и напредок. И меѓународната заедница испрати јасна порака дека во демократијата секој треба да го признае парламентарното мнозинство. Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да се воздржат од активности што поттикнуваат меѓуетнички тензии, говор на омраза и ги вознемируваат граѓаните со лажни вести“, велат СДСМ преку партиско соопштение.

Од СДСМ очекуваат утре и во деновите што престојат, сериозно и одговорно државничко однесување од страна на институциите, кои, како што велат од партијата, мора да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани и да овозможат избор на нов претседател и составување на новата влада.