Македонија СДСМ: Ниту еден судија „од тефтерчето“ нема да ја спаси криминалната банда...

СДСМ: Ниту еден судија „од тефтерчето“ нема да ја спаси криминалната банда од одговорност

Граѓаните знаат дека дното на македонското судство е постигнато со ВМРО-ДПМНЕ, многу одамна. Но, секоја ваква нова скандалозна одлука на партиските послушници на Никола Груевски инсталирани во судството се уште е доказ за тоа колку тешко пробива правдата – се вели во соопштението на СДСМ.

Од таму додаваат дека „криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години е целосно потврден.“

– Ниту еден поставен судија „од тефтерчето“, ниту една судска одлука од партиските послушници на Никола Груевски нема да ги спаси од одговорност за криминалот и злосторството врз граѓаните на Македонија. Одговорност за незаконското прислушување, за изборниот криминал, корупцијата и целокупното криминално владеење на нелегитимната банда на власт мора да има и ќе има – се додава во соопштението на СДСМ.