Македонија СДСМ: Никој повеќе не го слуша обвинетиот Груевски

СДСМ: Никој повеќе не го слуша обвинетиот Груевски

Никој повеќе не го слуша обвинетиот Груевски, дури ни неговите од ВМРО-ДПМНЕ, ниту оние кои ги донесе во затворената сала, се вели во реакцијата на СДСМ, на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ на кој се обрати лидерот Груевски.

„Знаат граѓаните како Никола Груевски им го уништи животот со секоја страница повеќе во програмските шеми на фамилијата. И трпението има граници, на 11 декември победува и пресудува граѓанскиот глас“, се вели во соопштението на СДСМ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на народниот собир во спортскиот центар „Борис Трајковски“ побара голема победа од 63 пратеници за стабилна и сигурна Македонија и која, како што рече, „ќе значи крај на црните и мрачни сценарија на Заевци и на Верушевци“.