Македонија СДСМ: Нема услови за релевантна анкета

СДСМ: Нема услови за релевантна анкета

Нема услови во Македонија за анкета што го одразува вистинското расположение на граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ на анкетата на „Брима Галуп“, која покажува двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

„Не постои поголем лажго и манипулатор во Македонија од Никола Груевски. Слушнавме од „Вистината за Македонија“ како Груевски со неговите соработници се заканува на граѓани со бркање од работа, со одземање пензии, социјална помош, со закани по живот. Слушнавме и како Груевски на криминален начин добивал избори. Нема услови во Македонија за анкета што го одразува вистинското расположение на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ.