Македонија СДСМ нема тим за Брисел, ВМРО-ДПМНЕ нема телефон!

СДСМ нема тим за Брисел, ВМРО-ДПМНЕ нема телефон!

СДСМ сè уште нема избрано тим од претставници кои треба да се појават на преговори со ВМРО-ДПМНЕ во Брисел, во вторник (31 март 2015 година). Од владејачката партија, пак, не успеавме да добиеме одговор за тоа дали имаат направено тим што ќе ги пегла разликите со опонентите и ќе ја извлече Македонија од политичката криза.

Никој од ВМРО-ДПМНЕ со денови не одговара на телефонските повици на новинската агенција „Мета“.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, ни изјави дека треба од Брисел да се врати потпретседателката Радмила Шекеринска, која ќе ги информира за случувањата, по што ќе одлучат за тимови за евентуалната средба.

– Засега немаме ништо. Ја чекаме потпретседателката да се врати од Брисел, па тогаш ќе одлучуваме за нашите идни чекори – вели Шилегов.

Европските парламентарци кои ќе се обидат да го олеснат политичкиот дијалог меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит.