Македонија СДСМ: Нема проект „Кембриџ“ во образованието

СДСМ: Нема проект „Кембриџ“ во образованието

Професорот дополнува дека она што го поседува СДСМ е негово обраќање до неговите колеги математичари за неакадемското однесување на нивна колешка

Има бизнис-скандал „Кембриџ“, тежок 12 милиони евра, во којшто се вмешани Владата и Министерството за образование, обвинува СДСМ.

– Имаме писмо од професор Ристо Малчески, кој се обраќа до членовите на математичката академска заедница, меѓу другото, и во врска со донесените учебници. Еве го писмото. Во него професор Малчески вели дека на огласот за рецензенти за учебниците од „Кембриџ“, што го распишала Педагошката служба, се пријавил и самиот тој и бил одреден за претседавач на Комисијата, која едногласно ги отфрлила учебниците што беа понудени од „Кембриџ“ и тоа не само заради тоа што не ја покриваат нашата програма, туку и заради бројните материјални, методски и научни грешки – вели Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование на СДСМ.