Македонија СДСМ: Неколкумина криминалци нема да ја одредуваат иднината на нашите деца

СДСМ: Неколкумина криминалци нема да ја одредуваат иднината на нашите деца

ВМРО-ДПМНЕ мора да најде здрав разум и да прифати дека е опозиција. Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги држи во заложништво граѓаните и Република Македонија. Во ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои знаат дека криминалците во нивната партија ја загрозуваат иднината и на нивните деца и тие имаат обврска да постапат разумно, порача СДСМ денеска во своето редовно утринско соопштение.

Партијата ги повика Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не поттикнуваат на насилство „поради заштита од одговорност за своите криминали“.

„Мора да има трансфер на власта, тоа е мнозинската волја и ВМРО-ДПМНЕ И Ѓорге Иванов се должни да овозможат мирен трансфер на власта! Волјата на мнозинството граѓани е јасна и исто така 700.000 граѓани, преку 67 пратенички мандати имаат право и обврска да го изберат новиот претседател на Собранието, а потоа и новата реформска Влада.И тоа ќе се случи согласно Уставот, Деловникот и законите“, се вели во соопштението.