Македонија СДСМ: Јанкулоска не е во позиција да одредува процедури

СДСМ: Јанкулоска не е во позиција да одредува процедури

Гордана Јанкулоска не е во позиција да одредува процедури, реагира Социјалдемократскиот сојуз на изјава на министерката за внатрешни работи.

„Јанкулоска е меѓу оние поради кои Владата на Никола Груевски нема легитимитет и мора да замине“, стои во писмената реакција на СДСМ.

Во дописот од СДСМ не е наведено на која изјава на Јанкулоска конкретно се однесува реакцијата, но најверојатно станува збор за ставот на министерката дека СДСМ нејзина оставка треба да бара во институциите, односно во Собранието.