Македонија СДСМ ја осуди провокативната реторика на албанската пратеничка Дода

СДСМ ја осуди провокативната реторика на албанската пратеничка Дода

СДСМ денеска ја осуди изјавата на пратеничката на Албанија, Месила Дода, во која таа вчера, при посетата на Дебар, рече дека Македонија не постои, дека тоа е стара албанска покраина и се вика Илирида.

„Ја осудуваме провокативната реторика во изјавата на пратеничката од албанскиот парламент, Месила Дода, што се однесува на Република Македонија, а која не е во духот на градењето добрососедски односи и меѓусебно почитување меѓу две соседни земји“, стои во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, ваквите јавни настапи одат во прилог само на тие што креираат поделби и работат на поттикнување раздор и нетрпеливост, спротивно на европските вредности за кои се заложуваме.