Македонија СДСМ и партнерите денеска ќе потпишат платформа за демократска Македонија

СДСМ и партнерите денеска ќе потпишат платформа за демократска Македонија

СДСМ и коалициските партнери денеска ќе потпишат платформа за демократска Македонија. Како што велат од партиите, со потпишувањето на оваа платформа коалициските партнери се обврзуваат на заедничко и бескомпромисно дејствување во одбрана на законското и на уставното функционирање на државата.

Потпишувањето на платформата доаѓа по вчерашната средба на лидерите на партиите на која биле договарани понатамошните чекори за дејствување.

На средбата коалициските партнери се договориле и да не ги повлекуваат своите членови од Државната изборна комисија.

„СДСМ и партнерите се одлучни дека на 5 јуни не се возможни избори ниту, пак, ќе учествуваат на таквите нерегуларни избори. Но, СДСМ и коалициските партнери ќе го обезбедат своето присуство и контрола на процесот на прочистување на избирачкиот список, за да ги спречат манипулациите и злоупотребите што се обидува да ги прави власта на Никола Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.