Македонија СДСМ: Груевски се плаши од декласификацијата на договорите со странските компании

СДСМ: Груевски се плаши од декласификацијата на договорите со странските компании

Никола Груевски е видно исплашен од вистината што ќе излезе по владината одлука за декласификација на информациите за склучените договори на поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ со странски компании, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конфренцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно е, Груевски стравува дека граѓаните ќе дознаат колку од нивните пари што ги плаќале како давачки, даноци и казни во bуџетот на Република Македонија, преку криминалните „дил-ориентед зделки“ на Никола Груевски завршиле за негови милионски провизии. Затоа Груевски денеска држеше маратонска прес-конференција на која изнесе куп лажни вести. Моше Баум, комплексите во Охрид и кравите на криминалецот Субрата Рој, како и помпезно најавуваните 6.000 работни места во Ранковце, се само дел од бројните лажни инвестиции на Груевски“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека лаги се и заплашувањата на Груевски дека ќе се менуваат условите за инвестирање за странските инвеститори. Од СДСМ нагласуваат дека сега ќе се изедначат условите за инвестирање за домашните и за странските инвеститори.