Македонија СДСМ: Груевски панично покажува огромен страв од регуларни избори

СДСМ: Груевски панично покажува огромен страв од регуларни избори

Никола Груевски панично покажува огромен страв од соочување со граѓаните на регуларни избори, откако „се распукаа сите бетони на фамилијата и се поништи криминалната аболиција“, оцени денеска СДСМ.

„Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, СЈО е под постојани опструкции, прекинат е политичкиот дијалог, само затоа што Никола Груевски се плаши од слободни избори. Тоа го знаат сите. Оттука, медиумските курири неуспешно се обидуваат стравот на Никола Груевски од слободни, фер и регуларни избори да го покријат со постојани измислици“, стои во соопштението.

Од СДСМ велат дека во Македонија нема да има уште едни криминални избори, туку само слободни, фер, демократски и веродостојни избори.

„Не може да избега Никола Груевски колку и да се обидува да одолговлекува. Сите услови мора да се исполнат: прочистен избирачки список, реформи во медиумите, заканите кон гласачите да престанат, да се врати владеењето на правото. Зборот е збор“, стои во соопштението на СДСМ.