Македонија СДСМ: Груевски е клучниот проблем и не може да биде дел од...

СДСМ: Груевски е клучниот проблем и не може да биде дел од решението

„Само повелекување на Никола Груевски и формирање предна влада, која ќе овозможи непоходни услови за организирање фер и демократски избори, може да ја нормализира и да ја врати демократската и европската перспектива на земјата“, се вели во писмената реакција на СДСМ на денешната изјава на премиерот Груевски од Ресен, во која тој го обвини лидерот на опозицијата, Зоран Заев, дека е главниот виновник за неуспехот на преговорите во Брисел од 10 јуни.

„Соочен со неговото заминување од власта, Никола Груевски очигледно има потреба да ја објаснува сопствената подготвеност да даде сè и да направи сè само да ја сочува својата фотелја. Лично Никола Груевски и неговите соработници, со криминалното владеење и со уништувањето на економијата, демократијата и на европската перспектива на земјава, се најголемите „кочничари“ за иднината на Република Македонија. Затоа, повлекувањето на Никола Груевски е државен интерес. Како предизвикувач на огромните проблеми со кои се соочуваат Република Македонија и нејзините граѓани, креаторот на политичката и на државната криза, Никола Груевски, е клучниот дел од проблемот и тој не може да биде дел од решението“, стои во реакцијата на партијата.