Македонија СДСМ: Градска болница не прима итни случаи поради расипан лифт

СДСМ: Градска болница не прима итни случаи поради расипан лифт

Втората по големина хируршка установа во Македонија, Градската болница Св. Наум Охридски во Скопје веќе 9 дена, не прима итни случаи, поради скандалозна причина – расипан бил лифтот, велат од СДСМ.

-Во болницата има известувањето од директорката Јасминка Чабуковска до лекарите и до медицинскиот персонал, итните пациенти да се пренасочуваат во други здравствени установи. Известувањето е издадено на 10 февруари и во него стои дека лифтот ќе бил поправен во рок од три дена, до 13 февруари. Денеска е 19 февруари. Лифтот во Градската болница се уште не работи. Луѓето не се информирани дека доаѓањето до Градската болница е само губење време. Некои од нив, ваквата несериозност на раководството на болницата и на здравствените власти може да ги чини и живот – велат од СДСМ.

Според СДСМ ова е класичен доказ за несовесните криминални приоритети на власта во заминување, којашто 10 години ја интересираат само тендери, но не и здравјето на граѓаните.