Македонија СДСМ ги попречува проектите од програмата „Реално“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ги попречува проектите од програмата „Реално“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ веќе две и пол години преку вештачки креирана криза се обидува да ја заобиколи волјата на народот за да дојде на власт, а Македонија и нејзините граѓани плаќаат огромна цена за ваквото штетно и деструктивно однесување на СДСМ, изјави на прес-конференција Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Мнозинството граѓани на последните парламентарни избори ја дадоа поддршката за програмата „Реално“ и за мерките и проектите содржани во неа, но, и покрај тоа, СДСМ го попречува реализирањето на овие проекти од кои директна корист ќе имаат граѓаните. Дел од тие проекти, кои не може да почнат со реализација е и проектот „Од град во село за нов почеток“. Целта на овој проект е да се обезбедат услови и мерки преку кои ќе се стимулира враќањето на животот во селата и унапредување на социо-економските услови за живот во руралните средини во државата – вели Стојаноски.

Стојаноски истакна дека и покрај, како што рече, сите опструкции на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи континуирано да работи во интерес на граѓаните, да спроведува мерки и проекти со кои ќе им се подобри животот на сите граѓани.