Македонија СДСМ: Европските социјалисти ги поддржуваат нашите заложби за фер и демократски избори

СДСМ: Европските социјалисти ги поддржуваат нашите заложби за фер и демократски избори

Партијата на eвропски социјалисти (ПЕС) изразила целосна поддршка на заложбите на СДСМ за одржување фер, демократски и веродостојни избори, информираат од СДСМ.

Од опозициската партија велат дека од ПЕС изразиле длабока загриженост од одлуката на Владата да се распушти Собранието и бараат власта да вложи максимални напори за да се обезбедат потребните услови за фер и демократски избори. ПЕС ги нагласува главните проблеми: изборните измами поврзани со избирачкиот список, недостигот од слобода на медиуми и контроверзните одлуки на Уставниот суд за помилување за изборни измами.

Од СДСМ велат и дека претседателот на ПЕС, Сергеј Станишев, ја повикал Владата на Република Македонија да ги спроведе потребните реформи во согласност со Договорот од Пржино.

„Ние не можеме да прифатиме дека сегашната десничарска влада се заканува на медиумите, ги прогонува опозициските лидери и тоа што бесрамно одлучува да не дејствува и покрај наводите дека 330.000 гласачи од избирачкиот список, што e повеќе од 18 отсто од вкупниот список, можат да бидат спорни“, изјавил Сергеј Станишев, а пренесува СДСМ.