Економија СДСМ: Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста врти

СДСМ: Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста врти

„Уште не уплатени средствата од вчерашната аукција на државни хартии од вредност, министерот за финансии, Зоран Ставрески, денеска објави проспекти за нова аукција. Побарува повеќе од 93 милиони евра. Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста тој врти, постојано се зголемува долгот на сите граѓани во земјава“, се вели во соопштението на СДСМ.

Според нив, единствена грешка кај бројчаникот што го одбројуваше долгот била „темпото кое покажуваше задолжување од 3 евра во секунда“.

– Вистината е дека Владата, преку Министерството за финансии, во првите 75 дена од годината ги задолжува граѓаните на Македонија со темпо од 9,5 евра во секунда. Притисоците од страна на режимот кон институциите, судството и науката, само за кратко можат да ја одложат неизбежната казна кон сите оние кои прават злодела врз својот народ – се вели во соопштението на опозициската партија.