Македонија СДСМ бара законски партиите да се дистанцираат од фашизмот и нацизмот

СДСМ бара законски партиите да се дистанцираат од фашизмот и нацизмот

Извор на фотографија: Собрание на РСМ

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески и пратеничката Соња Мираковска до Собранието предложија измени и дополнувања на Законот за политичките партии, со предлог да се зголеми транспарентноста и дистанцирање од фашизмот, нацизмот и национал-социјализмот. Во предложениот текст е наведено дека со предлог-законот ќе се овозможи поголема транспарентност, како на постоечките така и на идните политички партии, гарантирање на правната сигурност на граѓаните својствени за една демократска, современа и цивилизирана правна држава. Се очекува законот да биде ставен на дневен ред на денешната 88. седница.

„Со членот 1 се допрецизира одредбата за програмата, статутот и дејствувањето на политичките партии да не можат да бидат насочени разгорување на национална, расна или верска омраза,нетрпеливост, етничка нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и Третиот Рајх или повикување на личности и настани од минатото поврзани со фашизам, нацизам, национал-социјализам и Третиот Рајх“, се предлага со измените.

Освен тоа, со членот 2 се дополнува членот 16 со два нови става во кои е уредено дека: (4) Статутот на политичката партија не смее да содржи одредби кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал социјализам и Третиот Рајх.

Политичките партии ќе треба да ги усогласат своите имиња со овој закон во рок од три месеци.