Македонија Саудискиот собраниски спикер во Скопје – посебен режим на сообраќај

Саудискиот собраниски спикер во Скопје – посебен режим на сообраќај

Од вторник до сабота во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на делегација од Саудиска Арабија, информираат од МВР

Фото: МВР

Од 9 до 13 јануари (од вторник до сабота) во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на делегација од Саудиска Арабија, предводена од претседателот на Собранието на Кралството Саудиска Арабија, Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај и ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

„МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, стои во соопштението на МВР.