Свет Саудиски принц уапсен со два тона дрога

Саудиски принц уапсен со два тона дрога

Обезбедувањето на аеродромот во Бејрут денеска спречи шверц на повеќе од два тона апчиња амфетамин, кои требало да бидат натоварени на приватен авион на еден саудиски принц, соопштија либанските власти.

Во полициската акција приведен е принц, како уште и четири лица, соопшти еден либански претставник, кој побарал да остане анонимен.

Саудискиот принц Абдел Мохшин бин Валид Абдулазиз и уште четворица се задржани на аеродромот, а покрај апчињата се обиделе да прошверцуваат и кокаин.

Ова е најголема заплена на дрога на меѓународниот аеродром во Бејрут.

– Јас сум принц и правам што сакам – рекол припадникот на кралското семејство на Саудиска Арабија по апсењето.