Свет Саудиска Арабија осуди блогер на 10 години затвор и на камшикување

Саудиска Арабија осуди блогер на 10 години затвор и на камшикување

Врховниот суд на Саудиска Арабија ја потврди пресудата од 1.000 удари со камшик и од 10 години затвор за блогер Раиф Бадави, без разлика на меѓународната осуда.

Бадави е уапсен во 2012 година поради навредување на исламот преку социјалните мрежи и усвојување либерални мисли. Тој четири години водел блог наречен „Либерална саудиска мрежа“, кој поттикнува дискусија за верски и за политички прашања.

Бадави на почетокот од јануари ги доби првите 50 камшици, а по совет на лекарите, вториот круг камшикување е одложен.