Македонија Сашо Мијалков дојде на распит во СЈО

Сашо Мијалков дојде на распит во СЈО

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контрараузунавање и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, денеска попладне околу 13.30 часот се појави во Специјалното јавно обвинителство.

Од СЈО засега нема официјална информација за кој предмет е повикан Мијалков, но неофицијално се дознава дека тој денеска треба да даде исказ за случајот „Тортура“, односно за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година.

Мијалков за 24 часа вторпат се појавува пред правосудните органи за случаи што ги води СЈО. Тој вчера заедно со Тони Јакимовски, поранешен шеф на неговиот кабинет, и со Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер во МВР, беше на распит во Кривичниот суд за случајот „Трезор“.

СЈО бара од судот на Мијалков и на другите двајца да им одреди мерки на претпазливост, односно да им ги одземат пасошите. Засега нема информација што одлучила судијката на претходна постапка.