Свет Балкан Сараево: Експлозија на Илиџа искрши стакла на куќа и оштети автомобили

Сараево: Експлозија на Илиџа искрши стакла на куќа и оштети автомобили

Во сараевската населба Илиџа минатата ноќ се случила силна експлозија, од која биле оштетени возила и искршени стакла на една од куќите, но нема повредени, пренесува агенцијата „Срна“.

Полицијата открила кратер во дворот на лицето со иницијали Е.М., каде што се случила експлозијата.

Полициските службеници прават увид и работат на расветлување на овој случај. Се верува дека експлозијата настанала од бомба која била фрлена во дворот на семејството Манџо.