Свет Балкан САНУ предложила да се создаде комисија за изучување на воените конфликти на...

САНУ предложила да се создаде комисија за изучување на воените конфликти на територија на ЈНА

Извршниот совет на Српската академија на науки и на уметности (САНУ) соопшти дека академијата предложила да се создаде специјална комисија што ќе се занимава со изучување на воените конфликти на територијата на поранешна Југославија.

Од САНУ оцениле дека на Србија ѝ е најпотребно да ја утврди и да се соочи со вистината.

Комисијата ќе се занимава со изучување на причините и на состојбите кои довеле до воени конфликти во поранешна Југославија.

– Непотребно е да кажеме колку се згрозуваме од злосторства, извршени само поради етничка припадност на жртвите. Сметаме дека тешкиот пат кон изнесување на фактите и приближување до вистината е најмалку што можеме да сториме за невините жртви – се вели во соопштението на САНУ.