Свет Свет Сандерс ја победи Клинтон во Западна Вирџинија

Сандерс ја победи Клинтон во Западна Вирџинија

Демократскиот кандидат на внатрепартиските избори за претседателска номинација, Берни Сандерс, ја порази ривалката Хилари Клинтон во Западна Вирџинија, иако таа ја однесе победата во Небраска. Во таборот на републиканците, пак, Доналд Трамп ја продолжи победничката низа.

Сандерс на собирот во Орегон рече дека ќе се бори докрај за секој глас и оти ќе учествува на конвенцијата на демократите во Филаделфија во јуни.

Клинтон засега ја има поддршката од 1.716 делегати, додека Сандерс го поддржуваат 1.430.

Во републиканскиот табор, најверојатниот кандидат, Доналд Трамп, рече дека победата во Западна Вирџинија за него е голема чест.

– Научив многу. Знаењето ќе биде употребено за добри цели, за развивање бизниси, создавање работни места и за зајакнување и за заживување на економијата – рече Трамп по победата.

Останаа уште осум држави во кои треба да се одржат партиски избори. Сандерс пред приврзаниците во Сан Франциско рече дека верува оти може да победи во повеќето од преостанатите држави.