Свет Балкан Санадер осуден на четири и пол години затвор за земање мито

Санадер осуден на четири и пол години затвор за земање мито

Поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер, по четири години судење, денеска е осуден на четири и пол години затвор поради обвинението дека примил „провизија“ од 17 милиони куни, односно 2,3 милиони евра.

Како што наведуваат хрватските медиуми, Санадер добил мито откако Министерството за регионален развој, со кое раководел Петар Чобанковиќ, во 2009 година купило зграда од поранешен пратеник на ХДЗ и сопственик на месарница, Стјепан Фиолиќ.

Бидејќи е осуден на казна помала од пет години, Санадер нема да оди в затвор сè додека пресудата не стане правосилна.