Свет Самоубиствен напад во Францускиот културен центар во Кабул

Самоубиствен напад во Францускиот културен центар во Кабул

Неколку лица се убиени, а околу 15 се ранети во самоубиствен бомбашки напад на Францускиот културен центар во Кабул, кога за време на театарска претстава едно лице во публиката се разнело со бомба, пренесуваат медиумите.

Франција жестоко го осуди нападот, нарекувајќи го „варварски чин“ и повика на изведување на одговорните за нападот пред лицето на правдата.

Според француските власти, во Кабул и во Франција била формирана кризна единица која треба да го истражи последниот од низата напади изведени во престолнината на Авганистан, изминатите недели.

Денешниот напад бил изведен во зградата на Францускиот културен центар, која се наоѓа покрај француското училиште, кое, како што пренесуваат француските медиуми, не било оштетено во нападот.