Свет Самоубиствен напад во база на Хамас во Газа

Самоубиствен напад во база на Хамас во Газа

Бомбаш-самоубиец се разнесе на безбедносен пункт на Хамас, на југот на Газа, соопштија властите.

– Рано утринава безбедносните сили запреле две лица кои ја минувале јужната граница (со Египет). Едно лице се разнесе, ранувајќи го другото лице и поголем број безбедносни претставници – изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на територијата со која управува Хамас.

Палестински безбедносни извори велат дека нападот го извршиле припадници на Исламска држава и дека тоа прв самоубиствен напад насочен кон силите на Хамас во Газа.