Економија Само 10 проценти од македонските домаќинства се осигурани од штети

Само 10 проценти од македонските домаќинства се осигурани од штети

Само 10 проценти од македонските домаќинства се осигурани од штети и свесноста за овој вид осигурување кај граѓаните сè уште е мала. Генерално, постои неинформираност во поглед на полисите што ги нудат осигурителните компании, што покриваат тие и која е добивката од нив.

– На македонскиот пазар функционираат 11 осигурителни компании. На прв поглед, се чини дека тоа е голема бројка за толку мал пазар. Но, пазарот има голем потенцијал, бидејќи свесноста на луѓето за одреден вид осигурување е сè уште мала. Покрај осигурувањето за автоодговорност, луѓето речиси и не се информирани за другите видови осигурување и за добивките од нив – изјави извршниот директор на „Евроинс осигурување“, Јанко Николов.

Пазарниот удел на компанијата во овие 10 проценти домаќинско осигурување е 3 проценти, а на крајот на мај полисираната премија изнесува 206 милиони денари.