Македонија Самка Ибраимовски реизбран за претседател на ПЦЕР

Самка Ибраимовски реизбран за претседател на ПЦЕР

Самка Ибраимовски е повторно избран за лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите. На денешниот седми по ред партиски конгрес, беа избрани и потпретседатели на партијата, како и претседатели и членови на надзорниот орган и на другите совети.

На конгресот на ПЦЕР одржан во Тетово, беше презентирана и предлог-програма на партијата.

– Ние, како ПЦЕР, ќе се залагаме за заштита на Ромите од дискриминација, за порамноправен статус на Ромите и за нивниот социјален статус. Нормално, ќе гледаме во иднина да се реши проблемот со Ромите кои бараат азил во западноевропските земји – изјави Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР.

На денешниот конгрес присуствуваше и генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, и пратеникот на СДСМ од Тетово, Стојко Пауновски.

З.Д.