Економија Самитот „Македонија 2025“ ќе се случува во Скопје од 18 до 20...

Самитот „Македонија 2025“ ќе се случува во Скопје од 18 до 20 ноември

Tретиот годишен самит кој годинава ќе го организира платформата „Македонија 2025“ ќе се случува од 18 до 20 ноември во Скопје. Темата ќе биде, како преку трансформативно лидерство и напредни технологии да се дојде до економски развој на земјата.

Фокусот на годинешниот самит е како да се поврзе Македонија со поширокиот регион, имајќи ги предвид глобалните движења и нивните влијанија на економиите во развој. Самитот претставува платформа за воспоставување комуникација помеѓу македонската деловна заедница и гостите од странство, за да се трасира патот на развојот на домашната економија.

Самитот е наменет за сите компании, организации и поединци кои се засегнати со темата одржлив развој на економијата на Македонија, но и воспоставување деловни односи со меѓународни партнери.

„Македонија 2025“ организираше два самити во Охрид, како и два бизнис-форуми во Торонто и во Париз. Овие настани резултираа со повеќе од 30 работни сесии на кои учествуваа 100 говорници од Македонија и од 40 други земји од светот, кои ги проследија повеќе од 900 гости. Од оваа интеракција произлегоа 200 билатерални средби помеѓу компаниите.