Економија Самит во организација на „Македонија 2025“ се одржува денеска и утре во...

Самит во организација на „Македонија 2025“ се одржува денеска и утре во Скопје

Шестиот самит во организација на платформата „Македонија 2025“ се одржува денеска во Скопје и на него учествуваат 50 врвни говорници од 25 земји, 400 делегати и 50 акредитирани медиумски претставници.

Коосновачот и член на одборот на директори на „Македонија 2025“, Мајк Зафировски, на отворањето на самитот го истакна значењето на градењето позитивна клима кон инвеститорите, како и стабилност и доверба во системот.

– Земјата мора да остане конкурентна во однос на даноци, трошоци за работна сила и квалитет на образование. Секако, треба да се поттикне и развојот на домашните компании, владеењето на правото, добрата инфраструктура и образованието. Странските инвестиции и инвеститорите од дијаспората носат капитал, трансфер на технологија и најдобри праткики и се клучни за поттикнување на економскиот развој – рече Зафировски.

Денеска се презентираа „Најдобрите практики на успешните малите држави“ од страна на претседателот на одборот за економски развој во Сингапур, Суан Хианг Ли и Пјер Гурџијан, партнер во Руско-ерменска фондација.

Според Суан Хианг Ли, клучни фактори за развојот на земјата се фокусот кон странски инвестиции, трансфер на технологија, инвестирање во човечки капитал, првокласна инфраструктура и влада ориентирана кон напредок на бизнисот.

Сингапур во изминативе 50-ина години го зголеми домашниот бруто-производ по жител повеќе од 50 пати и денес надминува 52.000 долари, со што се трансформираше во светска економска сила.