Економија Саемот за мебел почнува утре, ќе има 400 домашни и странски изложувачи

Саемот за мебел почнува утре, ќе има 400 домашни и странски изложувачи

Меѓународниот саем на мебел почнува утре и ќе трае до 26 март. На саемот ќе учествуваат 400 домашни и странски изложувачи, а се очекува да го посетат повеќе од 50.000 лица.

Во 11 хали ќе бидат претставени мебел и опрема за домаќинства, а една хала е наменета за машини и за репроматеријали за индустријата за производство на мебел.

Традиционално ќе се организира стручно оценување на пријавени експонати и ќе бидат доделени признанија на најдобрите учесници на саемот, во две категории, производители и трговци.

Има учесници од Србија, Хрватска, Грција, Италија, Босна и Херцеговина  и од Словенија.

Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот, цената на влезницата е 100 денари, а за групни посети и за студенти чини 50 денари.