Македонија Саем за деца и за семејство

Саем за деца и за семејство

Саем за деца и семејство од денеска до недела се одржува во „Сити мол“. Посетителите ќе имаат можност да се дружат со Трајче Георгиев и со „Златните славејчиња“, со живи рептили, да учествуваат во разни спортски активности.

На настанот ќе настапат училишни хорови и други секции од училиштата, а претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе одржат предавања за важноста на детските седишта во автомобилите, велосипедистите и за пешаците.

Посетителите на саемот, исто така, ќе можат да учествуваат и во наградната игра за лојалност, каде ќе можат да освојат патување за целото семејство во „Дизниленд“ во Париз, телевизор, таблети, велосипеди и други вредни подароци.