Свет Балкан САД за два дена ќе ѝ одговорат на Турција за екстрадицијата на...

САД за два дена ќе ѝ одговорат на Турција за екстрадицијата на Ѓулен

Американските власти им соопштиле на турските колеги дека во рок од два дена ќе одговорат на барањето на Акара за апење на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, соопшти министерот за правосудство на Турција, Бекир Боздаг.

Турција бара од САД да го испорачаат Ѓулен, кој живее во Пенсилванија, за да може да му се суди за организирање на воениот удар од 15 јули.

Седумдесет и петгодишниот Ѓулен ги отфрли обвинувањата на Турција.

Од Вашингтон соопштија дека САД соработуваат со Анкара за ова прашање, алудирајќи дека Турција треба да биде трпелива додека се разгледува барањето за екстрадиција на Ѓулен, во согласност со американските правни барања.