Свет САД се подготвени за нови удари врз ИД во Либија

САД се подготвени за нови удари врз ИД во Либија

САД би можела да ја нападне Исламска држава во Либија доколку се покаже дека има потреба од тоа, соопшти портпаролот на Белата куќа, Џош Арнест.

Изјавата на Арнест доаѓа по веста во весникот „Њујорк тајмс“ дека Пентагон има план со воздушни удари да ја ослаби ИД во Либија.

Арнест рече дека американските сили извршиле големи напади врз позиции на ИД во Либија и додаде дека во случај да се појават нови цели таму, важни за безбедноста на САД, претседателот „нема да се поколеба да нареди нивно уништување“.