Свет САД: Се намалува територијата на ИД во Ирак и во Сирија

САД: Се намалува територијата на ИД во Ирак и во Сирија

Територијата под контрола на Исламска држава се намалила за 40 отсто на територијата на Ирак и за 20 отсто од територијата на Сирија во 2015 година, затоа што меѓународните сили ги исфрлиле милитантите од неколку градови, соопшти портпаролот на коалицијата предводена од САД.

Исламска држава во 2014 година успеа под своја контрола да стави третина од територијата на Ирак, вклучувајќи го Мосул, најголемиот град на северот на земјата, и да се приближи до Багдад.

Контраофанзивата на ирачките и на курдските вооружени сили, поддржани од меѓународната коалиција предводена од САД и од шиитската милиција со поддршка од Иран, од ирачката територијата успеале да ги истиснат борците на ИД од неколку градови, вклучувајќи го и Тикрит, северно од Багдад, и Рамади на запад.

Во Сирија, ИД се бори со армијата на претседателот Башар ал Асад, како и други бунтовници што се противат на неговата власт. Во Сирија, освен коалицијата предводена од САД, милитантите на ИД ги бомбардираат и руските сили, кои го помагаат Асад.