Економија САД покрена истрага против ЈП Морган Чејс

САД покрена истрага против ЈП Морган Чејс

ЈП Морган Чејс

Најголемата американска банка, „ЈП Морган Чејс“, е под истрага поради своето тргување со валути. Министерството за правда на САД покрена кривична истрага.

Можната вкупна загуба на банката „ЈП Морган Чејс“ од сите актуелни кривични тужби покренати од министерството за правдa, како и од неколкуте други граѓански тужби покренати од останатите регулатори во земјата, би можеле да достигнат цифра од 5,9 милијарди долари.

„ЈП Морган Чејс“ минатата година исплати 13 милијрди долари за судски спогодби поради свесното погрешно наведување клиенти за време на кризата на пазарот со недвижности.