Свет САД: Немири и апсења во Фергусон

САД: Немири и апсења во Фергусон

Полицијата се судри со демонстрантите што се собраа на улиците на Фергусон, во сојузната американска држава Мисури, каде се одбележуваше годишнината од погубувањето на афроамериканскиот тинејџер во интервенција на полицаец белец.

Околу 200 демонстранти, кои мавтаа со знамиња, удираа во тапани и извикуваа пароли против полицијата, минаа низ улиците каде минатата година се случија големи немири по убиството на 18-годишниот Мајкл Браун.

Полицијата уапсила неколку лица, вклучувајќи и девет лица од групата демонстранти кои синоќа ја блокираа локалната сообраќајница.

Полицајците, опремени со штитови, околу полноќ упаднаа меѓу демонстрантите, кои почнале да бегаат од тоа подрачје. Некои од нив ги гаѓале полицајците со шишиња вода.

Локалните власти вчера прогласија вонредна состојба во ова предградие на Сент Луис и во околината, откако полицијата пукаше и тешко повреди едно момче. Инцидентот се случи по мирните демонстрации.