Свет САД ја затвораат амбасадата во Јемен

САД ја затвораат амбасадата во Јемен

САД, наводно, одлучиле да ја затворат амбасадата во Јемен поради влошување на безбедносната ситуација во земјата, јавува „Раша тудеј“.

Јеменскиот персонал на американската амбасада во Сана, наводно, од амбасадорот добил известување дека мисијата ќе биде затворена во следните 24 часа.

Амбасадите на САД во Турција и во Алжир, пак, според истиот извор, добиле известување да се грижат за американските интереси во Јемен, додека амбасадата во Сана е затворена.

„Раша тудеј“, повикувајќи се на анонимни извори на агенцијата „Асошиетед прес“, јавува дека е почнат процес на евакуација на дипломатите од земјата. Американските сили, кои спроведуваат антитерористички мисии во земјата, не се опфатени со евакуацијата.