Свет САД: ИД не го урна јорданскиот Ф16

САД: ИД не го урна јорданскиот Ф16

Вашингтон денеска негираше дека припадниците на сунитското екстремистичко движење Исламска држава успеале во источниот дел на Сирија да го соборат јорданскиот авион Ф-16, кој бил дел на меѓународната коалиција предводена од САД.
Според САД, доказите укажуваат дека ИД не го соборила авионот, но не ги откри причините за падот. Сепак, американските воени власти потврдија дека припадниците на ИД успеале да го заробат јорданскиот пилот.